424
Дваесет и петгодишно момче, ке неодамна пристигнал од странство, а се наоѓа во задолжителен државен карантин во хотелот „Дрим“ во Струга, нападнал полицајци, информираше СВР Охрид.
Станува збор за 25-годишно момче од кумановското село Матејче.
„Излегол од собата и манифестирал недолично и агресивно однесување кон полициските службеници, кои вршеле службени дејства, и ги игнорирал нивните насоки“, велат од СВР Охрид.
Против момчето е поднесена кривична пријава за непостапување според здравствените прописи за време на епидемија.