401
Седумнаесетгодишно момче попладнево било прободено со нож во автобусот број 57, информираа од МВР.
Според полицијата, тепачка настанала меѓу две групи на малолетници на вториот кат во автобус, кој во тој момент поминувал кај маркетот „Веро“ во Чаир. Момчето било прободено со нож, а од здобиените повреди е префрлено на Ургентниот центар.