430
18-годишно момче било вчера нападнато од две непознати лица на автобуската постапка „Рекорд“ во центарот на Скопје. Напаѓачите со остар предмет му нанеле убодна рана на момчето во пределот на стомакот.
Настанот се случил синоќа околу 12.40 часот. Момчето било со возило на Итна медицинска помош префрлено во Градската општа болница Св.Наум Охридски, а од полицијата велат дека се работи на расчистување на случајот.