Ременски: Ќе покренеме постапка за разрешување на антикорупционерите во парламентот, ако не си поднесат оставки

by Фокус

Откако ревизијата на работењето на Антикорупциската комисија укажа на непочитување и злоупотреба на законските одредби, незаконско и несовесно трошење на парите на граѓаните, нејзините членови веќе нема професионален и етички кредибилитет да ја вршат оваа функција, порача пртеничката од СДСМ Фросина Ременски.

– Од тие причини, доколку членовите на Антикорупциската комисија веднаш не поднесат итна и неотповиклива оставка, во Собранието на Република Македонија, како орган кој е надлежен за изборот на членовите на ова тело, ќе покренеме постапка за нивно разрешување. Нема да има толеранција за коруптивно и расипничко однесување на ниту една институција и на ниту еден функционер во Македонија – истака Ременски.

Поврзани новости