Молотов коктел фрлен во двор на полицаец од Прилеп

by Fokus

Рано утрово, импровизиран молотов коктел бил фрлен во двор од куќа на полицаец од Прилеп, пренесуваат од МВР.

„На 05.07.2020 во 03,50 часот во Полициска станица Прилеп, К.С. од Прилеп, полициски службеник во Полициска станица Прилеп пријавил дека во двор од куќа во негова сопственост на ул. “Киро Крстевски-Платник“ непознато лице фрлило импровизиран молотов коктел кој успел самиот да го изгасне, при што нема повредени лица ниту поголема материјална штета. Се преземаат мерки за расчистување на случајот“, велат од МВР.

Поврзани новости