Заев: Изборот е за нас или за некој нов Субрата Рој!

by Fokus

На 15 јули изборот е едноставен: изборот е меѓу повисоки плати за сите или богатење на неколкумина блиски до Груевски. На 15 јули изборот е меѓу рекорден износ на странски инвестиции или некој нов Субрата Рој. На 15 јули граѓаните одбираат нова развојна економија, одбираат парите уште повеќе да завршуваат во нивните буџети, за да биде уште подобро за сите, истакна претседателот на СДСМ и носител на листата на Коалицијата „Можеме“ во четвртата изборна единица, Зоран Заев на денешната прес конференција во Струмица.

Подвлече дека пред три години Владата предводена од СДСМ се соочила со сериозни предизвици во економијата, кои барале умешност, ефикасност, но и храброст и решителност.

-Пред нас имавме клекната економија, огромни долгови направени за финансирање криминални тендери и непродуктивни трошоци. Платите не растеа, особено минималната која со години беше оставена на недостојни 9.000 денари, помалку од 150 евра. При преземањето на власта економијата беше во минус од 1,8 отсто и стапката на невработеност над 22 отсто. Ниту се колебавме, ниту се исплашивме од предизвикот. Веднаш презедовме конкретни чекори за придвижување на економијата. Веднаш влеговме во реализација на концептот Парите назад кај граѓаните. Уште во првите 100 дена ја зголемивме минималната плата прво на 12.000 денари, а потоа на 14.500 и тоа подеднакво за сите работници. Ја придвиживме македонската економија и за две и пол години, од минус 1.8 ја донесовме на стабилен раст од 3,6 отсто, рече Заев.

Поврзани новости