Молк во Унгарија, барањето за азил на Груевски сè уште виси

by fokus
Унгарските институции се уште молчат за барањето на македонската Влада за екстрадиција на поранешниот македонски премиер Никола Груевски, кој пред еден месец избега од Македонија во оваа земја членка на ЕУ, каде потоа доби политички азил.
Македонското Министерствот за правда се уште нема добиено никаков одговор на барањето, ниту, пак има некаква официјална реакција или преписка во врска со овој случај.
Груевски замина од Македонија во моментите кога требаше да се јави на издржување на двегодишната затворска казна за случајот со набавка на луксузниот мерцедес. Додека новинарските екипи и судските доставувачи го бараа на неговата адреса, поранешниот премиер патуваше за Унгарија, преку соседните балкански земји.

-Нема рок за одговор или екстрадиција на осудено лице, велат од Министерството за правда. Но во претходните искуства со екстрадиција на осудени лица Унгарија како она од септември, на пример, се решавало многу бргу. Сепак, случајот со Груевски е многу специфичен бидејќи станува збор за лице, поранешен премиер, кој има добиено политички азил во оваа земја членка на Европската унија.

„Правно гледано, спецификата во овој случај е во азилот“, посочуваат од Министерството за правда, нагласувајќи дека лицето, кое и да е, се додека има меѓународна заштита не може да биде екстрадирано во матичната земја.

Во случајот со Груевски, според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија. Но, останува да видиме дали ќе се чека толку време за преиспитување на азилот и за поранешниот македонски премиер, кој има блиски пријателски односи со актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.

Поврзани новости