-Нема рок за одговор или екстрадиција на осудено лице, велат од Министерството за правда. Но во претходните искуства со екстрадиција на осудени лица Унгарија како она од септември, на пример, се решавало многу бргу. Сепак, случајот со Груевски е многу специфичен бидејќи станува збор за лице, поранешен премиер, кој има добиено политички азил во оваа земја членка на Европската унија.
„Правно гледано, спецификата во овој случај е во азилот“, посочуваат од Министерството за правда, нагласувајќи дека лицето, кое и да е, се додека има меѓународна заштита не може да биде екстрадирано во матичната земја.
Во случајот со Груевски, според постапките за азил на Унгарската канцеларија за имиграција на секои три години повторно се разгледува статусот на секој кој добил азил во Унгарија. Но, останува да видиме дали ќе се чека толку време за преиспитување на азилот и за поранешниот македонски премиер, кој има блиски пријателски односи со актуелниот унгарски премиер Виктор Орбан.