Молк од Црвенковски и Иванов за ситуацијата во Украина

by fokus

Шест дена поминаа од влезот на руската војска во Украина и нападот кој следуваше откако Владимир Путин ги призна за независни држави Доњецк и Луганск.

И додека борбите на украинска територија траат, реакции стигнуваат од сите сегашни, па и поранешни светски лидери. Македонија има живи двајца поранешни претседатели: Бранко Црвенковски и Ѓорѓе Иванов. Но, досега и двајцата молчат. Ниту ја осудија руската инвазија, ниту ја поддржаа.

„Фокус“ во четвртокот испрати барања за изјави до Кабинетите на двајцата поранешни претседатели со надежи дека јавноста ќе има прилика да го чуе нивниот став, но до денеска одговори не добивме.

А, став сигурно имаат. Само изгледа, како што би рекол едниот од нив, не можат сега да ни објаснуваат.

Катерина Смилева Божиновска

 

Поврзани новости