489
Со молба повеќе од десетина страници адвокатскиот тим на поранешниот премиер Никола Груевски бара одложување на двегодишната затворска казна за набавката на луксузниот „мерцедес“.
Молбата Груевски да не оди во затвор е архивирана во Кривичниот суд и судијата има рок до четврток да одлучи, дали Груевски на 8 ноември ќе оди во „Шутка“ или ќе му даде дополнителни три месеци слобода, објави денеска 1ТВ.
– Не би давал изјава сега. Можеби некој друг ден – кусо рече поранешниот премиер Никола Груевски.