Заев и новата пратеничка група се договориле за зацврстување на идентитетот и за гаранција дека Грција ќе го усвои договорот

by fokus

По денешната средба на премиерот Зоран Заев со новата пратеничка група формирана од пратениците кои беа исклучени од ВМРО-ДПМНЕ, премиерот рече дека нивните барања за уставните амандмани се прифатливи и дека во наредниот период за нив ќе одлучуваат правни тимови од Министерството за правда и Владата.

Било договорено заменик претседател на телото за национално помирување да биде пратеник од новата пратеничка група. Заев по средбата повтори дека барањето за амнестија не е прифатливо и дека националното помирување се прави во Собранието кое е составено од пратениците.

Тој најави дека пред амандманите на Уставот да бидат пратени во Собранието, ќе има нова средба со пратениците од новата пратеничка група.

-Заедно со министерката Рената Десковска направивме консултација со новата пратеничка група. Констатирам дека изнајдовме конкретни насоки во делот на гаранцијата дека процесот ќе биде завршен од страна на Грција. Македонскиот идентитет ќе биде зацврстен, рече Заев.

Тој додаде дека биле прецизирани сите детали за координативното тело за национално помирување. Со формирањето на телото рече дека ќе се утврди и методологијата.

Заев информираше дека за барањата ќе се консултираат и со грчката Влада.

Поврзани новости