Моќен старт на Баерн (М) во Бундес лигата – Штудгарт совладан со 5:1

by jadranka 22:51
22:51

Баерн Минхен со убедлива победа ја отвори новата сезона во Бундес-лигата. Германскиот шампион пред своите навивачи на „Алијанц Арена“ го декласираше Штутгарт со 5-1, испраќајќи јасна порака уште на стартот од првенството дека повторно ќе биде главен кандидат за титулата.

Баварците долго го бараа првиот погодок, но отпорот на гостите беше скршен во 21. минута. Џошуа Кимих одлично асистираше, а Дајот Упамекано се најде на вистинското место и погоди за 1-0.

Штутгарт не се предаде и успеа да се врати во натпреварот веднаш по паузата. Во 52. минута, Јоша Вагноман ја затресе мрежата на домаќините за 1-1 и најави неизвесна завршница.

Сепак, Баерн Минхен не дозволи гостите долго да се радуваат. Само три минути подоцна, Мајкл Олисе повторно го доведе својот тим во предност, а во 57. минута Вагноман имаше несреќна реакција и си постигна автогол за 3-1.

Од тој момент прашањето околу победникот практично беше решено. Олисе во 63. минута постигна уште еден погодок, но тој беше поништен поради офсајд.

Баерн продолжи да напаѓа и во завршницата стигна до уште два гола. Во 82. минута, Александар Павловиќ погоди за 4-1, додека Диаз во финишот ги постави конечните 5-1.

Интересно беше и тоа што Хари Кејн уште во воведните минути можеше да се забележи во прилично необична улога. Англискиот напаѓач често се спушташе длабоко во сопствената половина, па во одредени моменти се наоѓаше дури и на позиции блиску до стоперската и левата бековска линија.

Со тоа тренерот на Баерн Минхен продолжува да ја користи својата препознатлива хибридна тактика, во која фудбалерите често ги напуштаат своите природни позиции за да создадат простор и полесно да го надминат противничкиот пресинг.

Шампионот така испрати силна порака уште на првиот чекор во новата сезона – Баерн повторно изгледа моќно.

Слични вести