Мојсоски: Три милиони евра од Буџетот ќе се насочат кон спортски субјекти

by Fokus 13:10
13:10

Три милиони евра, односно 184,5 милиони денари, пари од државниот Буџет, ќе се насочат кон спортските субјекти на кои им е издаден ваучер согласно Законот за спорт. Со оваа мерка се опфатени 666 спортски субјекти, 60 федерации и 173 спортисти кои досега добиле спортски ваучер, истакна на денешната прес-конференција директорот на Агенцијата за млади и спорт, Наумче Мојсоски.

Тој додаде дека средствата на Буџетот на Северна Македонија се дел од програмите за справување со последиците од КОВИД -19 кризата.

- Advertisements -

– Веќе една година сме соочени со тешкотии и проблеми во функционирањето поради коронавирусот и финансиската поддршка на спортските чинители од државата е еднократна употреба. Со оваа владина одлука усвоена на 65-та седница на наменските сметки на спортските субјекти на кои им е издаден ваучер за 2021 година ќе бидат уплатени најмногу 33 отсто од вредноста на издадениот ваучер како еднократна финансиска помош, утврдена на официјалната листа на спортски субјекти кои се објавени на веб-страната на АМС, наведе Мојсовски.

Поврзани новости