Викторија која боледува од леукемија го дочека роденденот на клиника: Желба ми е добрите луѓе да ми помогнат да оздравам и да си одам дома!

by fokus

Пред четири месеци нашиот свет се сруши, кога бевме соочени со тешката дијагноза на ќерката Викторија, леукемија… Повеќе од три месеци сме на клиника во Скопје, започнавме со лекувањето. Викторија тешко ги поднесува хемотерапиите, се јавија одредени компликации, па затоа решивме лекувањето, односно трансплантацијата на коскена срцевина да ја извршиме во клиника во Турција – со растреперен глас, во телефонски разговор за ,,Фокус” раскажува Мери Костадинова, мајката на Викторија.

Вели дека имале добар живот во Гевгелија, Викторија се радувала на секој нов ден со сестричката. Нејзиното безгрижно детство го прекинала болеста, и сега најтешко и паѓала разделеноста со сестрата и постојано прашувала кога ќе оздрави, за да може да си отиде дома и да си играат.

-За лекувањето во Турција од клиниката веќе ни пратија профактура на сума од 70.000 евра, средства кои ние не сме во состојба сами да ги обезбедиме. Лекарите од таму имаат ветувачки прогнози, споделив искуства и со родители чии деца биле на лекување на клиника во Турција. На заминувањето на лекување во Турција гледаме како на шанса за спас на нашето дете, принудени сме да побараме помош од хуманите граѓани, да донираат за да се соберат потребните средства.
Овде, на клиника во Скопје сме додека да се заврши со терапиите, и потоа во најкраток рок треба да отпатуваме во Турција. Кратки сме со време, апелираме кој колку што може, да ни помогне – вели Мери.

Додава дека Викторија, која е првоодделенка, го дочекала својот седми роденден на клиниката. Кога ја прашале која и е роденденската желба, им кажала дека сака што побргу да оздрави и да си оди дома, кај сестричката.

-Долг период сме овде, во болница со Викторија, семејството ни е разделено, тоа на децата тешко им паѓа. Сакаат да ни се врати назад стариот начин на живот, да го оставиме ова лошо поглавје зад себе. Свесни сме дека е криза, дека луѓето едвај врзуваат крај со крај, но ги замолуваме општествено одговорните компании и организации, доколку можат да ни помогнат. Отворени се сметки за донации, наскоро очекуваме и телефонски броеви на кои ќе може да се донира-апелира мајката.

Сите кои се во можност, можат да донираат на следната сметка:
Тиме Костадинов, 200 002238635444 Стопанска Банка
Девизна сметка IBAN MK 07200003846593192.
Бројот за контакт на таткото на Викторија е 070 544 818

*Фотографиите се објавени со дозвола на семејството

Вики Клинчарова

Поврзани новости