Могерини пред полно Собрание: Време е да почнеме да трчаме заедно

by fokus

Пред полно Собрание, во присуство на опозицијата и функционери од власта, на претставници од правосудството и верските заедници, високата претставничка за надворешна политика на ЕУ, Фредерика Могерини, одржа говор во кој изрази импресии и воодишевување од досегашниот напредок на Владата. Како што рече Могерини, изминативе месеци Македонија многу напредувала, но ја чекаат нови напори за продлабочување и спроведување на реформите.

-Кога ќе помислам на ситуацијата на овој дом пред една година и каде сте денес поминавте многу пат. Ја надминавте најлошата политичка и институцинална криза со која некогаш сте се соочиле и целосно сте назад на патот и ова е големо достигнување со кое можете да се гордеете, достигнување не само за владата, ова е достигнување за сите институции од земјата, претседателот на владата, парламентот, локалните власти и граѓаните – рече Могерини.

Таа порача дека Владата има одговорност да го отвори просторот за учество на опозицијата во креирањето политики, но дека опозицијата има одговорност да се вклучи и да придонесува конструктивно.

-Колективно заедно во демократските институции имате одговорност да ги идентификувате националните интереси и приоритети на сите граѓани. Имате колективна одговорност во институциите да соработувате и да постигнете резултати. Не постои ризик да загубите нешто освен капацитетот, да постигнете резултати. Она што го завршивте беше импресивно, за реформите особено, ова е најсилниот знак на зрелост и мило ми е што опозицијата се врати во парламентот и драго ми е што денес се обраќам на сите во парламентот – нагласи таа.

Како што рече Могерини, Македонија ја очекува следно ниво од видео играта, односно спроведување на реформите.

-Уверена сум дека ваквата енергиија и посветеност ќе продолжи да носи резултати. Импресивната работа не се должи само на чекорите во внатрешните реформи во земја туку и на билатераните прашања и динамикате. Имајте го јасно пред себе патот што се трасираше, бидете горди на позитивната препорака и на тоа што се вративте на правиот пат. Не заборавајте како се гради единство по преживувањето на една длабока политичка криза. Денес овде во Скипје, гледам обединето мултиетничо општество со цел да биде дел од ЕУ, да бидат дел од силна земја која ќе биде дом за сите. Уверена сум дека разговорите со Грција ќе доведат до решение за двете страни и дека ова ќе прерасне в основа за идна обединетост на европскиот континент. Инвестирајте во вашето единство, во талентот на младите луѓе, во нивните аспирации да се приклучат кон европската заедница. Време е да почнеме да трчаме заедно, да трчате еден со друг со вашите соседи и верувам дека ќе стигнете многу далеку – рече Могерини по што доби аплауз од присутните во парламентот.

Поврзани новости