452
Шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини која денеска пристигна во Скопје оствари средба со претставниците на граѓанскиот сектор во седиштето на Европската делегација во Македонија.
Во Собранието ќе се сретне со претставници на политичките партии, а потоа во 16 часот со претседателот Ѓорге Иванов.
Посетата на Македонија ќе ја заокружи со предавање пред студентите во Македонската опера и балет.
Могерини е во балканска турнеја во чии рамки ги посетува Црна Гора, Србија, Косово и Албанија.