967
Запрашан за тоа дали неговото дете ќе го пушти во училиште, министерот Филипче на денешната прес конференција, рече дека засега тоа ќе следи онлајн настава.
„Сите ние го посакуваме најдоброто за нашите деца. Заштитата на здравјето е приоритет. Моето дете е 9-то одделение, но јас ги почитувам сите препораки. Тогаш кога ќе има услови за физичко присуство, тоа ќе оди во училиште“, рече Филипче.