681
Модуларната ковид болница во Кавадарци е во завршна фаза, информираше денеска кавадаречкиот градоначалник Митко Јанчев. Тој се заблагодари на медицинските лица за нивната пожртвуваност во справувањето со пандемијата од вирусот Ковид-19.
Истовремено, со оглед на тоа што, според глава на жител, Кавадарци е на врвот во државата со број на заразени со коронавирус, Јанчев упати апел за поголема внимателност до своите сограѓани, за полесно справување со вирусот. Затоа што, како што нагласи, некои од заболените во изминатиот период, навистина тешко се избориле против Ковид-19.