„Модерна“ почнува со тестирање на вакцините против „јужноафриканскиот сој“

by fokus

Кон средината на март, во САД ќе започнат испитувања на вакцина развиена од лабораторијата „Модерна“ против јужноафриканската варијанта, изјави водечкиот епидемиолог во САД Ентони Фаучи.

– Испитувањата од првата фаза ќе започнат наскоро, рече Фаучи на прес-конференцијата што ја одржа тимот на Белата куќа, одговорен за борбата против Ковид.

Засега нема да се проучува „ефикасноста, туку само безбедноста и имуногеноста“ на производот, односно неговата способност за предизвика имунолошка реакција, прецизираше Фаучи, додавајќи дека првата фаза ќе се спроведе на мал број луѓе.

Поврзани новости