Заев остана единствен кандидат за лидер на СДСМ на внатрепартиските избори

by Фокус

Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев ќе биде единствен кандидат на првите внатрепартиски избори за претседател на партијата.

Како што објави 360 Степени, само Заев до крајниот рок денес до 16 часот поднел кандидатура и програма за уште еден мандат.

Во изминатиот период, близу 70 илјади лица го обновиле членството или се зачлениле во партијата, со што ќе добијат право на глас на првите непосредни внатрепартиски избори.

Инаку, овие внатрепартиски избори ќе се одржат на 21 март, за што веќе е избрана Централна изборна комисија.

Претседателка комисија е Викторија Аврамоска Мадиќ, потпретседателка е Неда Гацова, а членови се Снежана Калеска Ванчева, Марко Михаилоски и Бранко Георгиевски.

Поврзани новости