484
Во врска со земјотресот што се случи во Турција и Грција, Министерството за надворешни работи соопшти дека засега нема сознанија за повредени македонски граѓани и ниту еден македонски државјанин не се обратил за инфомација или помош.
Од МНР укажуваат дека се во постојана комуникација со Амбасадата на Република Македонија во Анкара и Канцеларијата за врски на Република Македонија во Атина.
За сите инфомации поврзани со безбедноста на македонските граѓани кои во моментов се наоѓаат во Република Турција и Грција активни се следниве телефонски линии:
Амбасада на Република Македонија во Анкара
Фиксен телефон: + 903 12 439 92 04 ; + 903 12 439 92 08
Мобилен телефони: +905303395884; +905385466691