МНР во допис до Грција подвлекува: Поимот „македонско“ не се однесува на етничка припадност

by fokus

Министерството за надворешни работи на Македонија испрати допис од шест страни до грчката Владата во кој официјално ја информира дека се исполнети обврските од Преспанскиот договор и дека се донесени уставните измени со кои се менува и уставното име на државата.

Дописот беше предмет и на вчерашната дебата во грчкиот парламент каде се гласаше за доверба на Владата на Ципрас. Во еден момент грчкиот премиер обраќајќи му се на лидерот на опозицијата, Кирјакос Мицотакис, рече:

„Соседите освен што известуваат, имаат и толкувачка изјава“, рече Ципрас посочувајќи на дел од дописот кој дава објаснувања за македонското државјанство.

Македонското Министерство за надворешни работи во дописот наведува дека под поимот „македонско“ се мисли на државјанство, а не на етничка припадност и дека македонскиот јазик е признат како официјален на конгрес на ОН во Атина во 1977.

Документот во продолжение, ги содржи одлуките за уставните амандмани, исто онака како што на 12 јануари беа објавени во Службен весник.

Поврзани новости