МНР: Вечерва пристигнуваат последните наши граѓани евакуирани од Авганистан

by fokus

Од Лондон преку Цирих вечерва на Меѓународниот аеродром – Скопје, во 19:30 часот пристигнуваат 20 наши граѓани кои претходно беа евакуирани од Авганистан, но поради Ковид мерките беа во карантин во Свиндон, Велика Британија.

Како што соопшти МНР, заедно со последните двајца наши државјани, евакуирани од Авганистан, кои се очекува да слетаат исто така вечерва во Скопје во 1:30 по полноќ, завршува процесот на репатријација на нашите граѓани од Авганистан.

Министерството за надворешни работи започна посебна акција за евакуација на нашите државјани од Кабул, за што беше формирана и посебна работна група во рамки на МНР. Акцијата за евакуација започна во неделата, на 15 август, со првата група граѓани кои беа евакуирани за Доха, Катар. После неколку дена, сите граѓани беа евакуирани од Авганистан, а во изминативе две недели, преку Абу Даби, Осло и Лондон, сѐ до денеска, сите наши граѓани се вратени во земјава, се наведува во соопштението од МНР.

Поврзани новости