Министерството за надворешни работи денеска соопшти дека ќе биде упатена формална вербална нота до Министерството за надворешни работи на Бугарија поради изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ Костадин Костадинов.
Од МНР информираат дека и претходно веќе реагирале на изјавите на пратеникот и лидер на политичката партија „Преродба“ во која, како што се наведува, посочивме дека очекуваме надлежните институции и политички претставници во Република Бугарија да се оградат и да го осудат овој говор на омраза во кој неспорно се содржат и територијални претензии.
-Не само што овие пораки се директно спротивни на духот на Договорот за пријателство во чија суштина е меѓусебната почит како основа за унапредување на добрососедските односи, туку и пораки кои не се ниту во духот на европските вредности и нашето заедничко евроатлантско сојузништво. За денешниот инцидент формална вербална нота ќе биде упатена до Министерството за надворешни работи на Бугарија, се вели во соопштението од МНР.