649
Ископот за нова зграда што се наоѓа веднаш до зградата на МНР се наполнил со фекалии бидејќи компанијата која гради направила несоодветно поместување на фекалниот колектор. Ова е објаснувањео на ЈП „Водовод и канализација“.
Во текот на вчерашниот ден, јавното претпријатие вршеше испумпување на насобраните фекалии во Вардар, поради што мораше да ги блокира улицата „Филип Втори“ и мостот „Слобода“.
Испумпувањето продолжи и денеска, но за разлика од утринава, сега улиците се проодни. ЈП „Водовод и канализација“ најави тужба за изведувачот и ќе бараат оштета за направената штета и за санирањето на истата.