МНР реагирало за „јазикот на ПЈРМ“ до надлежните служби во ЕУ

by fokus

Министерството за надворешни работи реагираше поради „јазикот на ПЈРМ“, наместо македонски јазик во натписите. Од таму велат дека ова не е прв случај, а тие секогаш испраќаат реакции.

„Министерството за надворешни работи, преку Постојаната Мисија на Република Македонија во ЕУ, испрати официјална реакција до надлежните служби во Унијата, а во врска со погрешното именување на нашиот јазик на веб страницата на ЕУ. И во претходни вакви или слични случаи, како и сега, Министерството за надворешни работи на Република Македонија редовно упатува реакција со која се бара корекција и именување на јазикот како македонски“, велат од МНР и додаваат дека овие грешки се резултат на долгогодишниот спор меѓу Република Македонија и Грција.

Поврзани новости