506
Министерството за надворешни работи ја проверува информацијата дали екс премиерот и пратеник Никола Груевски навистина е во Унгарија и дали побарал азил.
,,Во врска со наводната информација објавена на Фејсбук профилот на Никола Груевски дека тој е во Будимпешта и дека побарал азил во Унгарија, Министерството за надворешни работи, во координација со надлежните институции во Република Македонија, постапува согласно своите законски надлежности во насока на верификација на информацијата. Веднаш по добивањето на релевантни информации во врска со наведеното, јавноста ќе биде соодветно и навремено информирана”, информираат од МНР.