Престојот на делегацијата предводена од потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова во Македонија е пријавен по дипломатски пат преку Амбасадата на Бугарија во Скопје, соопштија од македонското Министерство за надворешни работи.
– Информираме дека во однос на престојот на потпретседателката не се побарани средби ниту други програмски содржини и нејзиниот престој и транзит низ земјава е во организација на Амбасадата, наведуваат од МНР.
Потпретседателката на Бугарија Илијана Јотова, како што пенесоа бугарските медиуми, вчера на враќање од Косово, во Скопје остварила средба со претставници на бугарската заедница во Северна Македонија. На средбата што се одржала во Амбасадата на Бугарија во Скопје присуствувале научници, политичари, бизнисмени и граѓани.