МНР побара Софија да се огради од изјавите на Џамбаски

by Фокус

Министерството за надворешни работи по дипломатски канали реагирало и побарало од официјална Софија да се огради од недоличните изјави на „одредени маргинални политички фигури„ од Бугарија искажани за време на вчерашното чествување на 95-годишнината од смртта на Мара Бунева на Кејот на Вардар во Скопје

„Министерството, по дипломатски пат соодветно реагира до официјална Софија, во кое побара оградување од недоличните изјави кои ги повредуваат чувствата на граѓаните на Северна Македонија, и воедно серизно им наштетуваат на напорите за унапредување на добрососедските односи меѓу двете земји“, се наведува во соопштението на МНР.

Оттаму велат дека со големо внимание ги следат изјавите на одредени маргинални политички фигури од Република Бугарија чии провокации продолжуваат, без притоа да водат сметка за напорите кои ги вложуваат двете држави за одржување на конструктивната соработка и позитивниот дух во билатералните односи меѓу двете држави.

Од таму алудираат на претставниците на партијата ВМРО-БНД од Бугарија, конкретно на нејзиниот копретседател и европратеник, Ангел Џамбаски, кој беше главен говорник на чествувањето на Мара Бунева. Тој во своето обраќање пред присутните и овој пат не се воздржа од провокативната реторика околу историјата и односите меѓу двете земји.

Поврзани новости