Принцот Хари бара кралското семејство да и се извини на Меган

by Фокус

Откако на 400 страници во мемоарите раскажа бројни тајни на своите најблиски, принцот Хари бара од британското кралско семејство да и се извинат на неговата сопруга Меган Меркл, без да соопшти зошто.

Тој истакнува дека ја зазел исправната страна во војната меѓу нив двајца и Виндзор. Принцот тврди дека јазот меѓу него, Меган и остатокот од кралското семејство не би дошол до овој степен ако претходно одговореле на неговата загриженост.

Во интервјуто за The Telegraph, пред официјалното претставување на книгата што беше изминатава недела, Хари го обвини своето семејство за „драма“.

-Сето тоа можеше да се избегне. Но, едноставно не можеа да си помогна – изјави Хари, додавајќи дека своето семејство го смета за параноично.

Принцот вели дека чувствува одговорност да ја реформира монархијата во интерес на своите две мали деца.

Поврзани новости