341
Се уште нема информации за настрадани македонски државјани во синоќешниот терористички напад што се случи во најголемиот аеродром во Турција, Кемал Ататурк во Истанбул.
Од МНР велат дека се во постојана комуникација со амбасадата во Анкара, Конзулатот во Истанбул и турските власти.
Инаку, по краток застој, и аеродормот Кемал Ататурк уште синоќа беше отворен за сообраќај,а авионот на линијата Скопје – Истанбул слетал еден час по полноќ. Денешниот претпладенвен лет е реализиран со еден час задоцнување, а вечерниот е откажан.