364
Министерството за надворешни работи не било информирано и не дало поддршка на посетата на функционери на ДУИ на Атина, реагираат од МНР на соопштението на ДУИ во кое се вели дека посетата на лидерот, Али Ахмети, и на владините функционери на Атина е приватна и партиска „исто колку што беше партиска посетата на министерот за надворешни работи, Никола Попоски“.
-МНР не даде, ниту сега дава квалификации за типот, причината или цената на патувањето од едноставна причина што не било информирано за патувањето од претходно, се вели во реакцијата на МНР.
Претходно од ДУИ рекоа дека на средбата на Али Ахмети со грчкиот министер за надворешни работи утре ќе се дискутира единствено за спорот за името и за конкретните идеи.