Бошковски: Македонија просветлена со правда, правичност и еднаквост

by Фокус 18:31
18:31

Љубе Бошковски од затвор испрати божиќна честитка до сите православни христијани и посака Македонија да биде просветлена со правда, правичност и еднаквост.

„Со вековната слава и верба во раѓањето Исусово, нека се родат новите мугри на нашиот сопствен храм – животот, насочен према блискиот свој и сите граѓани окружени околу нас, према нашата ни мила Македонија, надградена и просветлена со правда, правичност и еднаквост.

- Advertisements -

Насмеани лица во радост и топлина, богата трпеза во домовите наши, мудроста што тлее во нашите души нека се распламнат, нека разгори љубовта, довербата, пружената рака во добро и лошо, оплеменувајќи ги нашите животи и градејќи ја нашата Македонија. Помогни Господе оваа моја желба и сон да биде наше јаве.

Исус се роди.“, напиша Бошковски во божиќната честитка.

Поврзани новости