МНР ја повика Комисијата да го искористи моментот за да се надминат разликите

by Fokus

Работата на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, преставува важен елемент за исполнување на Договорот за пријателство од 2017 година. По последните јавни настапи на претставниците на Заедничката Комисија за историски и образовни прашања, сакаме да потенцираме дека работата на Комисијата претставува нераздвоен дел од имплементацијата на Договорот за пријателство од 2017 година, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи.

Соодветно на најновата иницијатива на двете држави, потврдена во рамки на заедничката седница на двете Влади, за проширување и продлабочување на меѓусебната соработка во сите области, се додава во соопштението од МНР, ја поздравуваме одлуката на двата копретседатели на Комисијата за интензивирање на динамиката на работата на Комисијата, со цел надминување на разликите за најчувствителните прашања.

-Ја разбираме потребата на членовите на Комисијата, особено на нивните копретседатели, јавно да ги изложуваат нивните погледи и ставови, но истите притоа не треба да се толкуваат како државни позиции, ниту, пак, како дел од политичките ставови на двете Влади. Оттука двете Влади уште еднаш ги повикуваат сите фактори, вклучувајќи ги тука и членовите на Комисијата за историски прашања, за одржување на веќе договорената динамика на активности, која соодветствува со новиот интензитет на засилена комуникација меѓу двете држави, со цел да се искористи новиот моментум за соодветно надминување на разликите меѓу двете земји и откочување на процесот на европски интеграции на Северна Македонија, стои во соопштението од МНР на Македонија.

Поврзани новости