Министерството за надворешни работи утрово преку писмено соопштение повторно ги демантираше обвинувањата на опозициската ВМРО-ДПМНЕ дека шефот на дипломатијата го прекршил Законот за употреба на јазиците за време на прес-конференцијата со шпанскиот колега Хосе Мануел Албарез Буено во петокот, минатата недела, оставајќи и на партијата уште 24 часа за да се извини за, како што велат од Министерството, свесните обиди за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството.
„Изминаа 24 часа откако беа демантирани грубите лаги од страна на ВМРО – ДПМНЕ, пласирани за време на празници, а партијата сѐ уште не испрати извинување. Како поука за понатаму, за партија која е фатена на дело како лаже, оставаме уште 24 часа да се извини и кон Министерството и пред сѐ кон јавноста која беше вознемирена за време на празници.
Со тоа, станува очигледно дека обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ преставуваат свесен обид за внесување меѓуетнички тензии и раздор во општеството, што може да се потврди и од вордингот и тајмингот на самата манипулација пласирана од ВМРО-ДПМНЕ“, се наведува во соопштението од МНР.