349
Над 60 отсто од Албанците нема да гласаат на престојните парламентарни избори, што треба да се оддржат на 24 април, покажува истражувањето на Институтот за истражување на политики и добро владеење, спроведено во општините каде Албанците се мнозинско население.
Од оние што одговориле дека ќе гласаат, според истражувањето на ИИПДВ, 14,6 отсто се изјасниле за ДУИ, 7,8 отсто за БЕСА, исто толку за коалицијата на Движењето за реформи на ДПА и НДП, 5,6 отсто за ДПА.
Покрај незаинтересираноста на албанскиот електорат за изборите, од овие податоци може да се заклучи дека се топи поддршката за ДУИ, како и дека новата албанска опозиција веќе ја надминала ДПА.