„Мерките на Министерството не се за превенција на загадувањето“

by Фокус

Граѓанските здруженија кои се организатори на утрешниот протест „Излези за воздух“ денеска реагираа на мерките против загадувањето кои ги предложи Министерството за животна средина и  просторно планирање. Велат дека три од седумте препораки на Министерството, се во суштина евакуација на населението, а не мерки за спречување на аерозагадувањето (ослободување од работни обврски на хронични болни, бремени жени и лица постари од 60 години; предвремен зимски распуст за училиштата; забрана за работа на градежни работници на отворено).

-Наместо да си ја префрлаат топката, Владата, МЖСПП и локалните самоуправи на загрозените општини треба итно да реализираат кризни, краткорочни мерки, а истовремено да работат и на долгорочни, стратешки мерки кои ќе превенираат вакво енормно загадување. Со други зборови, Владата, МЖСПП и општините не треба да бидат само декларативни „пожарникари“ против аерозагадувањето, туку треба да работат на спроведување на итните мерки и на превенција, велат од „Излези за воздух“.

Тие порачаа дека ќе продолжат со граѓански притисок врз власта и со секојдневна анализа на нејзината работа.

-Нашата кампања за чист воздух нема да запре се додека концентрациите на канцерогени ПМ10 и ПМ2.5 честички не се доведат под максималната граница пропишана од ЕУ, во период од 10 последователни денови, порачуват организациите.

Поврзани новости