Многумина посакуваат некакви сценарија, но ќе ги разочарам, немаме проблеми во партијата, тврди Спасовски

by Fokus

Во СДСМ е интензивно, се работи, сега е предизборен период, партијата се подготвува за изборни процеси и се одржуваат средби на сите нивоа, вели министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски кој е и во раководството на партијата.
Во врска со шпекулацииите во јавноста дека поранешниот лидер на СДСМ, Зоран Заев му наредил на сегашниот, Димитар Ковачевски да се повлече од функцијата во партијата по 28 јануари, Спасовски рече дека информациите треба да се добиваат од официјални извори и и тврди дека немаат такци проблеми.

-Многумина можеби посакуваат некакви сценарија, но за жал ќе ги разочарам, немаме такви проблеми за кои се шпекулира. Сите сметам дека ќе бидеме насочени кон тоа да ја добиеме довербата од граѓаните, изјави спасовски во гостување на ТВ 21.

Тој како член на Централниот одбор на партијата кажа дека се уште нема одлука од раководството на СДСМ како ќе се настапи на изборите.

Спасовски во телевизиско гостување беше прашан дали има разговори за заеднички настап со ДУИ на претстојните парламентарни избори.

Според него, во тек е анализата од која треба да произлезат одлуките – какви би биле коалициите.

Сите опции, рече Спасовски, треба да бидат во игра и да се разгледуваат.

-Прашан дали партијата на Таравари може да влезе во комбинација, Спасовски одговори дека „ако анализите покажат дека треба да се оди на заеднички листи, сите кои се за европскиот фронт тоа треба да се направи или ако анализите покажат дека треба да се оди на посебни, раздвоени листи, секако дека СДСМ ќе настапи на изборите со својата коалиција што ја има сега, со своите традиционални партнери, рече Спасовски.

Поврзани новости