Многу образовани луѓе си одат од Албанија

by Fokus

Во последните десет години Албанија ја напуштиле над 47 отсто од граѓаните со високо образование, посочуваат експерти од оваа област од Институтот за статистика на Албанија.

Сократ Палуши и Елма Кали во студијата „Албанската дијаспора во бројки“ наведуваат дека Албанија има највисоко ниво во регионот на емиграција на образовани луѓе и студенти во странство, јави дописничката на МИА од Тирана.

За учебната 2019-2020 година 18.181 млади луѓе заминале на студии во странство, додека појавата на „одлив на мозоци“ од Албанија се зголемува од година во година.

– Заминав затоа што добив стипендија за студии во Париз. Сега живеам во Луксембург. Ми недостига моето семејство, но подобриот квалитет на живот ме одржува тука. Им велам на моите пријатели во Албанија дека се среќни што имаат сонце, а нивниот одговор е: „дојдете живејте овде со сонце, но без економски приходи“, вели Замира Поде.

Поврзани новости