Вулин: Србија не преговара со пиштол вперен во чело

by Fokus

Доколку Приштина сака разговори со Белград, прво треба да ги повлече единиците на Росо од северот на Косово, бидејќи Србија „не преговара со пиштол вперен во челото“, изјави српскиот министер за внатрешни работи Александар Вулин.

Исто така, првиот човек на ова министерство уште еднаш потврди дека неговата земја сака мирна состојба на Косово.

„Жандармеријата е подготвена, обучена, технички опремена, но што е најважно високо мотивирана да ги брани своите луѓе каде и да е потребно“, додаде Вулин.

Поврзани новости