Руската армија денеска првпат од почетокот на месецов соопшти колку нејзини припадници загинале во инвазијата врз Украина.
Русија извести дека загинале 1.351 војник, а 3.825 се повредени, додека Украинците тврдат дека убиле над 15.000.
Русите тврдат и дека украинските сили загубиле 30.000 војници, и речиси целосно ги уништиле украинските воздухопловни сили, морнарицата и воздушната одбрана.
– Руските вооружени сили ги исполнија главните задачи од првата фаза од операцијата во Украина, а борбениот потенцијал на украинските војници е значително намален, што ни овозможува повторно да ги фокусираме нашите главни напори за постигнување на главната цел, а тоа е ослободување на Донбас, изјави генерал-полковник Сергеј Рудској, прв заменик началник на Генералштабот на руските вооружени сили.
Тој предупреди дека најмалку десет украински мини се појавиле на површина како резултат на минирање на приодите кон пристаништата Одеса, Очаков, Черноморск и Јужни и сега пловат низ Црното Море, што, според него, претставува реална закана за воените и цивилните бродови.