ММФ со истрага во нордиските банки поради слабости во спречување перење пари

by Fokus

Меѓународниот монетарен фонд ќе ги испита мерките на нордиските банки и регулаторите за спречување активности за перење пари во регионот и балтичките држави.

Причината за тоа е серија наводни пропусти, како што објави Централната банка на Шведска.

Нордиските банки беа критикувани за неуспехот во борбата против перењето пари во балтичкиот регион, што доведе до пад на акциите на шведските банки, Шведбанк и СЕБ, како и на Данска банка.

-Веќе некое време се разговара да се повика некој од надвор да анализира како решаваме или не успеваме да го решиме проблемот со перење пари во нордиските и балтичките земји, рече гувернерот на Централната банка на Шведска, Штефан Ингвс. Активностите во рамки на истрагата се во напредна фаза и ММФ ќе започне со работа во првата половина на 2020 година.

– Целта е да се анализира системот како целина и да се утврди дали нашиот пристап во нордиските и балтичките региони кон овие проблеми е рационален, меѓу другото, од аспект на прекугранична соработка, рече Ингвес.

Властите ги испитуваат тврдењата далил сметките на Шведбанк и СЕБ во балтичките земји можеби биле користени за перење пари.

Поврзани новости