423
По повод 27-миот роденден, младинската организација на СДСМ спровела поголем број активности, меѓу кои и акција за засадување на дрва на локации во повеќе од 20 градови.
-На 3 локации овде на планината Водно, во Скопје во општина Гази Баба, општина Бутел, во општина Ѓорче Петров и секако низ сите останати градови ширум цела Република Македонија садиме дрва што треба да помогнат за прочистување на воздухот и за подобар и поквалитетен живот на граѓаните – рече претседателот на СДММ Дарко Каевски, кој воедно е директор на Агенцијата за млади и спорт.