Младиот Марко Пејчиновски, кој минатата година го преплива Охридското Езеро како поддршка за децата со ретки болести, за ова лето си даде нов предизвик.
Како што информираше, тој ќе плива од Охрид до Св. Наум, преку Струга и повторно назад до Охрид за празникот Голема Богородица.
„Конечно, сакам и јас нешто да објавам на мојата фан страна. После испливани преку 1000 км, напорни тренинзи, нервози, препреки, ветришта, браној, дожд, ладно и топло време, ОФИЦИЈАЛНО ви кажвам дека на празникот ГОЛЕМА БОГОРОДИЦА, јас ке пливам од Охрид до Св. Наум, преку Струга назад до Охрид.
Се глеаме на целта. Господ да ни поможит, мене и на сите!
П.С. Поздрав од мама, ве чекат на нервно, да ја посетите со сок и чоколада, без гаранција дека ќе ве препознајт“, напиша Марко на својот профил.