„Млади за Македонија“: Двојазичноста не повикува на борба!

by fokus

Од здружението „Млади за Македонија“, кои претходно соопштија дека стојат за фарбањето на Министерството за култура во боите на македонското знаме, најавуваат нови протести откако во Службен весник беше објавен Законот за употреба на јазиците.

„Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!

Млади за Македонија започна како организација која се бори против наметнување на друг јазик на целата територија на Македонија! Нелегалното објавување на промената на името и двојазичноста е акт на кој мораме да реагираме.

Не е време за откажување, време е за нови протести и на масовност против промената на името и двојазичноста.

Двојазичноста не смееме да ја дозволиме“, велат од „Млади за Македонија“ кои учествуваа и на протестите за промена на името.

Борбата е далеку од завршена, а двојазичноста повторно не повикува на борба!Млади за Македонија започна како…

Publiée par Млади за Македонија – Mladi za Makedonija sur Mardi 15 janvier 2019

Поврзани новости