Младеновски: Нинџа доби наредба од УБК да следи обвинители од СЈО

by fokus

Михаил Младеновски, обвинет за “27април” на денешното рочиште откри шокантни информации, односно дека постоела нелегална паралелна Петта управа, со која раководел тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски.

-Никола Бошковски од УБК, му даде наредба на Александар Василевски Нинџа да следи некои личности кои тогашниот директор на УБК, Владимир Атанасовски, ги сметаше за интересни, односно државни непријатели. Па така беа следени обвинители од СЈО, кои беа сликани и документирани, а беше следен и Кире Наумов од СДСМ, за кој беше речено дека бил склон кон алкохол, па треба да му биде конструиран некој случај, рече Младеновски.

Тој истакна дека Нинџа му се фалел дека тие се надворешна “Петтка”.

-Рече дека ние сме група која логистички содејствува со Петтата управа. Групата ја нарекуваше пирамида, тврдина, која не може да биде срушена, рече Младеновски.

Тој додаде дека Никола Бошковски, пак му кажал дека тие се како јато птици и доколку некоја птица се одвои од јатото ќе биде незаштитена.

Тој сепак истакна дека Нинџа и Атанасовски немале добро мислење за директорот на БЈБ, Митко Чавков.

-Овие работи одеа преку УБК, па затоа имаше судир на тие две струи, рече Младеновски.

 

Поврзани новости