Втора сообраќајка кај Автокоманда, сообраќајот цел ден во грч

by fokus

На булеварот „Александар Македонски“ се случи втора сообраќајна несреќа денеска, поради што речиси цел ден е блокиран сообраќајот во овој дел од градот. Како што информираат од МВР во сообраќајката учествувале две возила, а се случила пред неполн час.

Како што дознаваме од терен во делот од булеварот кој се наоѓа кај хотел „Континентал“ речиси и да е невозможно да се помине со возило. Сообраќајот е блокиран, а колоните со возила се протегаат и до автопат.

Ова е втора сообраќајка на булеварот денеска, откако утринава исто така сообраќајот беше парализиран поради судир на два автомобили.

Фотографијата е од утринава, преземена од Ѕид на сообраќајниот срам

Поврзани новости