Младен Чадиковски и Стојанче Наумов кандидати за иден претседател на ЗНМ

by fokus

Главниот и одговорен уредник на Телевизија 24 Младен Чадиковски и новинарот на Канал 77, Стојанче Наумов, се единствените кои поднесоа кандидатури за челната позиција на Здружението на новинар на Македонија. Еден од нив ќе биде идниот претседател на новинарското здружение.

Од ЗНМ информираат дека пристигнале вкупно (41) кандидатури, од кои 2 за Претседател на Здружението, 29 за членови во Управниот одбор, 6 за членови на Надзорниот одбор и 4 за членови во Советот на честа.

За членови на Управниот одбор се кандидираа:

  1. Ајдари Аднан,
  2. Акифи Шклзен,
  3. Андонов Зоран,
  4. Арифи Бењамин,
  5. Атовска Кристина,
  6. Димевски Сашко,
  7. Димитровски Зоран,
  8. Донев Венцо,
  9. Ѓеоргиев Томислав,
  10. Иванов Мишко,
  11. Јовановска Слободанка,
  12. Јовановски Тодор,
  13. Кока Фиљана,
  14. Лефков Горан,
  15. Мачкиќ Кристина,
  16. Маџоски Зоран,
  17. Митреска Елизабета,
  18. Михајлоски Гоце,
  19. Николовска Билјана,
  20. Петроска Парашкева,
  21. Поповски Среќко,
  22. Салију Фуркан,
  23. Салих Зехријан,
  24. Стефановски Илија,
  25. Стојанов Игор,
  26. Стојановска Наташа,
  27. Трпческа Мирјана,
  28. Халили Мемедалија Евис,
  29. Цветковска Сашка.

За членови на Надзорниот одбор се кандидираа:

  1. Јордановска Мери,
  2. Керими Адриан,
  3. Мехмети Семи,
  4. Мулачка Ирена,
  5. Стројмановски Трајче,
  6. Сулејмани Башким.

За членови на Советот на честа се кандидираа:

  1. Костиќ Мира,
  2. Јакупи Семра,
  3. Зилбеари Сенад,
  4. Зекири Арбен.

Изборното собрание на ЗНМ ќе се одржи на 15 декември, 2018 година во СЦ „Борис Трајковски“ во Малата сала, со почеток во 10:00 часот.

Од кандидатите за Претседател единствено Младен Чадиковски испрати програма за работа (која можете да ја погледнете тука), додека Стојанче Наумов најави дека ќе ја презентира својата програма пред членовите на самото Собрание.

Поврзани новости