Млада велешанка, вакцинирана со две дози, позитивна и хоспитализирана на скопските клиники

by fokus

Жена од Велес на 44-годишна возраст, позитивна на корона вирус е хоспитализирана на Инфективната клиника во Скопје, поради влошена здравствена состојба. Позитивни биле и нејзиниот син и сопруг, но со благи симптоми, и се лекувале дома.

Истата била вакцинирана против Ковид-19 со две дози. Настанот за ,,Фокус” го потврди епидемиологот, д-р Билјана Трајкова од ЦЈЗ Велес.

-Жената доби позитивен тест на вирусот минатата недела и беше траспортирана на скопските клиники. Вакцинирана е, последната информација која ја имаме е дека состојбата сега и е подобрена. Немаме податоци дали евентуално се работи за делта сој на вирусот – изјави д-р Трајкова.

Во Велес моментално има пет позитивни случаи на корона вирус. Во ковид центарот во градот хоспитализиран е и маж на возраст од 65 години, со симптоми на вирусот, кој бил ставен на кислородна поддршка. Тој не бил вакциниран.

На почетокот на месецот пак, велешанец на возраст од 43 години беше исто така хоспитализиран на Инфективното одделение во ЈЗУ Општа болница Велес, инфициран со делта сој на вирусот. Пациентот не бил вакциниран. Една недела пред да добие позитивен тест, тој се вратил од Англија и имал благи симптоми, односно кашлица и покачена температура. По добивањето на негативен тест, тој беше пуштен на домашно лекување.

Вики Клинчарова

Поврзани новости