Општ лекар вработен во Центар за јавно здравје Кавадарци е позитивен на корона вирус. Резултатот од неговиот тест стигнал доцна синоќа, и тој е сместен во домашна самоизолација.
Веста за ,,Фокус” ја потврдија од центарот. Од таму информираат дека лекарот на возраст од 35 години е во добра состојба, сместен во домашна самоизолација и неговата состојба се следи.
-Осум лица, блиски членови на семејството на лекарот се исто така во изолација. Тој останува во секојдневен контакт со матичниот лекар – известија од Центар за јавно здравје Кавадарци.
Се претпоставува дека лекарот најверојатно се инфицирал со вирусот во Велес, бидејќи често пати службено патувал во тамошниот Центар за јавно здравје, каде три лица од вработените се позитивни.
-Таксистот од Кавадарци, кој исто така е позитивен на вирусот, е во добра состојба, во домашна самоизолација. Шест лица кои биле во близок контакт со него се изолирани и тестирани, резултатите на сите се негативни- велат од установата.
Вики Клинчарова